Како Се Нанесува?

Овие совети се за пена и лосион.

Нашите формули се создадени за лесна, рамномерна и беспрекорна апликација - без флеки, без портокалов тон, само совршен бронзен сјај.

1. Подготви ја кожата

  • За најдобри резултати, направи нежен пилинг 24 часа пред нанесувањето.
  • Отстрани мртви клетки, обрни внимание на сувите делови (колена, лакти, глуждови) и нанеси хидратантна крема на тие зони непосредно пред потемнување.

2. Нанеси рамномерно

  • Користи Tansation tanning mitt или четка за потемнување за совршено и рамномерно нанесување.
  • Почни од нозете и движи се нагоре со циркуларни движења, нанесувајќи малку производ по малку.
  • За лице, користи Tansation Face Mist

3. Остави да се развие

  • Остави производот да делува 6 до 8 часа, во зависност од посакуваната нијанса.
  • Во меѓувреме, избегнувај потење и контакт со вода.
  • По времето на делување, направи брзо туширање со млака вода (без сапун) за да го отстраниш вишокот производ.

4. Одржувај го тенот

За подолготраен тен:

  • Хидрирај ја кожата секој ден.
  • Избегнувај агресивни пилинзи, депилација или бричење. (ова се препорачува 24 часа пред нанесување)
  • Освежи го тенот по потреба со The Gradual Lotion.

✨ Совет од нас:
 За совршен тен, користи Tan Mousse + Face Tan Мист како комплет - комбинација што гарантира природен сјај, без сонце, без штета, без стрес.